ММС

Објавено на: 02/1/21 7:57 PM

Би-би-си за вакцинацијата во Србија: Една мала земја е пред најголемите европски држави

Додека во Европа има криза на недостиг на вакцини против коронавирусот, една мала земја која не е членка на ЕУ, Србија го бележи второто најбрзо темпо на вакцинација во Европа со 4,6 дози на 100 луѓе, веднаш зад Велика Британија, но пред најголемите европски нации – пишува Би-би-си.

Белград минатата недела почна кампања за масовна вакцинација, откако доби милион дози од кинеската Синофарм вакцина. Првата личност која во Србија се вакцинираше со кинеската вакцина беше министерот за здравство, Златибор Лончар. Минатото лето Србија беше и меѓу првите три земји во светот кои потпишаа договор со Фајзер.

Причината зошто ја имаме и руската и кинеската вакцина се добрите односи на нашиот претседател, Александар Вучиќ со претседателите на Русија и на Кина. Благодарение на тоа сега имаме можност на граѓаните да им понудиме дополнителни две вакцини – вели министерот во интервју за  Би-би-си.

Одговарајќи на прашањето колку надлежните се сигурни во овие две вакцини кои се’ уште не се широко прифатени, тој вели:

„Ние имаме доверба во нашата Агенција за лекови која е меѓу 50 најригорозни на светот. Вакцините ги задоволуваат сите стандарди и услови што ги имаме пропишано“.

Според Лончар, нема земја која не би почнала со вакцинација. Сепак како што вели тој, проблем е што некои од земјите немаат вакцини.

За нас најважно беше да вакцинираме што повеќе луѓе, бидејќи така многу побрзо ќе му се вратиме на нормалниот живот. Тоа што се случи со распоредот на вакцините меѓу државите треба да ни биде лекција за во иднина – смета Лончар.

Во иднина мора да се организираме поинаку ако не сакаме веќе да се најдеме во ваква ситуација – додава министерот во интервјуто.

Прашан дали требало и ЕУ да се сврти кон руската и кинеската вакцина, Лончар смета дека тоа би било подобро за сите граѓани на ЕУ, но и  за остатокот од светот.

Тоа е глобален проблем, пандемијатта влијае на целиот свет. Нема причина да не се користат сите ресурси што се на располагање- наведува српскиот министер за здравство.

 

Фото:  PrtSc/Novosti RS

Извор:             telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.