ММС

Објавено на: 02/1/21 6:54 PM

Велешкиот прволигаш ФК „Борец” ќе се продава на берза

На  денешниот состанок на ФК „Борец”, сопственикот и претседател на клубот Кочо Анѓушев, соопшти дека клубот ќе се продава на Берза бидејќи е акционерско друштво, а цената на акциите е 25 илјади евра. Анѓушев им предложи на ветераните кои претендираат да го водат клубот да ја користат жиро сметката и печатите на клубот.

– Станува збор за акционерско друштво, кое е во 100 процентна сопственост на Брако и има 2500 акции, со вредност од 10 евра по акција. Јас им понудив на луѓето кои сакаат да го купат клубот дека ќе треба тоа да го направат преку Берза, да ги уплатат тие 25 илјади евра, а ние после тоа како Брако, ќе ги вратиме како донација назад во клубот, за да не излезе дека ние ги бараме парите, но не треба да биде друштвото продадено со капитална загуба, појасни  Анѓушев.

Ветераните на Борец велат дека се разочарани од ваквиот развој на настаните бидејќи, како што рече нивниот претставник Марјан Нацев, претходно им ветено дека клубот ќе го добијат без надомест.

-Не очекувавме ваков расплет, бидејќи приказната беше дека клубот ќе го добиеме со нула долгови и без надомест. Берзата е јавно наддавање и нема никаква гаранција дека градот ќе си го врати клубот, иако има правни можности тоа да се случи и без одење на берза. Како понатаму, во моментов не можам да ви кажам, изјави Нацев во име на ветераните на ФК „Борец”.
Тој појасни дека нивна желба е клубот да не згасне и работат на  тоа да го преземат и да најдат негов спонзор. Вели дека се во ситуација да обезбедат пари за фудбалерите,бидејќи се платени трошоците, како и  за судиите и за гостувањата..

По заминувањето на спонзорот „Брако”  и негов сопственик  Кочо Анѓушев,  оставка на тренерската позиција си даде Горазд Михајлов и неговиот помошник тренер  Ангел Темелков. Нов тренер на ФК „Борец е Баже Левков, поранешен фудбалер на ФК  „Борец”.Од клубот засега официјално си замина Никола Прелчец  хрватскиот интернационалец.

 

 

 

 

Фото:

sport1.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1