ММС

Објавено на: 02/1/21 6:32 PM

Тетовските студенти побараа пониски цени за автобускиот превоз

Тетовските студенти побараа пониски цени за автобускиот превоз кои за месечен билет треба да платат 600 денари што е поскап од тој кој ќе го плаќаат административците.  

Студентите по реакцијата денеска остварија средба со градоначалничката на Тетово Теута Арифи, од која како што велат добиле позитивни сигнали дека цената на месечниот билет ќе биде намалена.

Побаравме пониски цени да има за студентите и средношколци на средбата со градоначалничката Теута Арифи. Овој проблем е предзивик на младите во Тетово и насекаде. Таа даде збор дека на наредната седница на Советот во февруари, управниот одбор на претријатието ќе предложи студентите и учениците да бидат во посебна категорија со цел билетите да се со поповолни цени. Мислам дека за овој проблем ќе се најде решение, изјави Агрон Демири од Студенскиот парламент при Универзитетот на Југоисточна Европа.

Градоначалничката Арифи, информираа дека на средбата се согласиле за потребата  студентите да добијат пониски месечни билети за автобуски превоз.

Јавното претпријатие Тетово Транспорт има поставени автобуски постројки, набавено 5 градски автобуси, ги утврди цените кој сега најверојанто ќе ги менува, но тоа се уште не функционира. Се чека да се завршат одредени административни процедури, но како што велат од општината поради пандемијата односно владината уредба да се вози со 50 % од капацитетот, зимава ќе се почека, автобусите најверојатно ќе го качат првиот патник оваа пролет.

 

 

 

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.