ММС

Објавено на: 02/1/21 6:17 PM

Дебарската полиција заплени 700 килограми прехранбени произоди без документација

Полициски службеници при ОВР Дебар вчера при рутинска контрола во возило со бугарски таблици управувано од Н.С (46) од Охрид пронашле и одзеле140 кутии со прехранбени продукти во вкупна тежина од 700 килограми. Настанот е регистриран на регионалниот пат Струга-Дебар, аmпронајдените продукти, според МВР, биле без соодветна документација.

– По консултација со Јавен обвинител, возачот и еден  сопатник во автомобилот биле приведени. За настанот биле информирани Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство.

-По целосно документирање на настанот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава. соопштија од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.