ММС

Објавено на: 02/1/21 5:59 PM

Османи на средба со Симовски и Селами: Пописот е обврска и должност за сите граѓани

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и неговиот заменик Илми Селами, шри што биле отворени сите прашања за начинот и постапката на која што ќе се попишува нерезидентното население, информираат од Министерството за надворешни работи.

Средбата е  во насока на меѓуинституционална координација со цел непречено организирање на претстојниот пописот.

– Сите ние, без исклучок, имаме обврска овој процес да го реализираме ефикасно и најодговорно, согласно нашите надлежности. Демократските општества не можат да функционираат правилно без солидна база на сигурна и објектива статистика. Пописот гарантира демократска, правична и одржлива политика која произлегува од граѓаните и наменета за граѓаните, истакна Османи, дополнувајќи дека капацитетите на целото министерство и дипломатско-конзуларните претставништва ќе бидат ставени во функција за спроведување на успешна пописна операција за нерезидентното население.

Согласно Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година, покрај државјаните на земјата кои се присутни во државата за време на пописот, ќе се попишуваат и државјаните кои се нерезидентните граѓани, односно оние кои во периодот на пописот се надвор од земјата. Во оваа насока, стои во соопштението, Министерството за надворешни работи ќе биде активен чинител во оваа најобемна статистичка операција, и согласно своите надлежностите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.