ММС

Објавено на: 02/1/21 5:52 PM

Што ќе се случи ако пиете алкохол додека сте на терапија со антибиотици?

Избегнувањето алкохол додека пиеме антибиотици е едно од најлогичните здравствени правила. Кога се појавилe антибиотиците тие се сметале за суперлек, но сепак лекарите уште тогаш ги советувале своите пациенти да не конзумираат алкохол за време на терапијата, затоа што нивната здравствена состојба така би можела да се влоши.  Всушност, антибиотиците ја вршат својата функција дури и кога во организмот ќе се внесе алкохол, меѓутоа симптомите што ги имате би можеле лесно да се влошат.

Исто така, алкохолот може лошо да влијае на имунитетот, што ја оневозможува успешната борба против инфекцијата. Проблемот лежи во фактот дека алкохолот го нарушува квалитетот на спиењето, го намалува нивото на енергија и го дехидрира телото,  а сето тоа се важни фактори за целосно опоравување, независно од тоа што антибитиците ќе продолжат да делуваат.

Иако нивото делување ќе остане непроменето, некои нуспојави може да се интензивираат кога лекор ќе се измеша со алкохол. Најчесто тоа подразбира мачнина, вртоглавица, чувство на слабост и дијареа. Комбинацијата антибиотик плус алкохол може да ја влоси ситуацијата и затоа треба да се избегнува.

 

Извор:  kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.