ММС

Објавено на: 02/1/21 4:47 PM

Студентите од градоначалничката на Тетово побараа пониски цени за автобуски превоз

Студентските здруженија на средба со тетовската градоначалничка, Теута Арифи побараа да има пониски цени за новиот автобуски градски превоз што се очекува откако општината набави пет автобуси. До реакција на студентите доаѓа откако Советот на Општина Тетово одлучи категоријата студенти да има месечни билети од 600 денари, за разлика од вработените во општината за кои е предвидено 450 денари месечно.

– Побаравме пониски цени да има за студентите и средношколци на средбата со градоначалничката Теута Арифи. Овој проблем е предзивик на младите во Тетово и насекаде. Таа даде збор дека на наредната седница на Советот во февруари, управниот одбор на претријатието ќе предложи студентите и учениците да бидат во посебна категорија со цел билетите да се со поповолни цени. Мислам дека за овој проблем ќе се најде решение – изјави Агрон Демири, студент.

Од кабинетот на градоначалничката информираа дека на средбата се согласиле за потребата  студентите да добијат пониски месечни билети за автобуски превоз.

– Транспортното претпријатие Тетово ќе подготви предлог-промена на постојниот ценовник со цел тој да биде одобрен од Советот на општина Тетово. Разговаравме и за други теми во врска со зголемувањето на квалитетот на животот и општинските услуги за учениците во општина Тетово, информираа од Општина Тетово.

Советот на општина Тетово минатата недела даде согласност за ценовник на претријатието за градски автобуски превоз со цел да почнат техничко-административните процедури за да може како правен субјект да функционира.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.