ММС

Објавено на: 02/1/21 3:31 PM

Царовска: Исти луѓе постојано шират лажни вести – сексулано образование во второ одделение не се воведува

Министерката за образовани и наука, Мила Царовска при денешната посета во Штип и средба со бизнис заедницата, на новинарско прашање одговори дека пропуштените часови на матурнатите кои протестираат против полагање на државна матура, вели дека ќе бидат надоместени преку реорганизација на самото училиште како и во други случаи кога нема можност да биде спроведена наставата.

„Согласно законот државата има обврска да ја организира матурата сите рокови за пријавување матура се поминати, повеќе од 14.000 пријавија матура, програмите се прилагодени тие веќе се во матурскиот одбор и се работи на сите елементи за подготвување да се спроведе матурата. Да не збаоравиме дека сите ученици кои во месец октомври сите ученици кои добија изјави потпишани од диркеторите и со печати од училиштата за да може да се запишат во странство стојат точно нивните избрани предмети, што ќе полагаат во кој можен рок за да може воопшто да конкурираат на високо рангирани факултети  во светот. Ова докажува дека сите оние кои планираат да го продолжат своето образование кон високо, задолжително мора да имаат положено матура, а наша обврска како Министертсво за образование и наука и Влада е да таа ја спроведеме согласно законските рокови дадени во законите и подзаконските акти. Секое училиште има начин на кое си ги надоместува изгубените часови, како секој пат кога има потреба кога има не можност да се спроведе наставата, така и овој пат ќе се реорганизираат и ќе се спроведе тоа во училиштето“, изјави Царовска.

Воведувањето на сексуално образование во второ одделение, министерката рече дека е лажна информација од истите оние кои постојано споделуваат лажна вест.

„Дебатите ги водат кои во континуитет во нашата земја шират лажни вести. Токму ги поттикнувам граѓаните да ги следат официјаланите канали на Владата и на Министерството за образование и наука и да донесуваат одлука. Ако се сеќавате истите тие кажуваа дека во Источна Македонија ќе се населат мигранти, се сеќавате како пробана таа лажна вест. Потоа имаше со 5Г врапчиња и итн. Следнатата вест беше дека ќе се укинува предметот историја, па македонски јазик истите тие луѓе измислуваат дека ќе имаме сексуално образование од второ одделение, користејќи слики од сосема други држави кои што се во регионот и кои што пред многу години направиле такво воведување, но во нашата држава тоа не е вистина. Затоа граѓаните да не подлегнуваат на провокации  ниту на опозицијата, ниту на организации кои шират лажни вести“, вели Царовска.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.