ММС

Објавено на: 02/1/21 8:00 PM

Од сопругата добивам љубов, од љубовницата страст, а жените се како чадор- Животот на италијанскиот заводник Марчело Мастројани

Мразеше романтични сцени во филмовите – Прво ќе ви каже, не гледајте во нејзините очи затоа што тоа ги прави премногу бели. Погледнете ја во увото, потоа ќе ви каже да се завртите пред камерата да може да ве сними. До крајот на денот во креветот, вашиот грб е скочанет и болнен. Обично актерката со која водите љубов е љубовница на продуцентот, а тој стои пред камерите за да биде сигурен дека нема ништо да извлечете. Во меѓувреме, актерката е затентерисирана да види дали сте возбудени поради нејзинта блискост, но знам дека е заинтересирана, и се повеќе притиска во мене, станувам малку возбуден. Во меѓувреме, морам да се присетам на својот дијалог.

Еден од најголемите италјанските актери Марчело Мастројни кој во минатото глумеше секој ден драмски сцени. Беше омилен актер на Федерика Фелиниј, доживотен филмски партнер Софија Лорен, голем заводник, икона, стил… Зборуваше дека неговата најнепријатана љубовна сцена од филмот на Фелиниј “La Dolce Vita”, каде морав да стојам на колена во ладна вода во фонтана ,со Анита Екберг- Швеѓанка чија кожа беше толку бела, кога ја допрев за образ, моите прсти обоени од никотинот изгледаа толку мрачно што мораа на нив да ставаат шминка. Фелиниј погледна во моите жолти прсти и рече дека ми треба да го научам вистинскиот начин за да го избришам задникот.

 

Мастојани е роден на 28. септември 1924 во Фонтана Лирија, а за време на Втората светска војна бил сместен во германскиот логор од каде избегал и се сокрил во Венеција.

Првиот голем успех го остварил во филмот „Транвај наречен желба“ од 1947 година. Одиграл повеќе од 300 филмови, а само со Софија Лорен бил во дури 12 филмски остварувања. Со Федерико Фелиниј соработувал на осум филмови, од Слаткиот живот од 1960 до интервјуа во 1987 година.

Многу брзо станал интернационална ѕвезда во “Big Deal on Madonna Street” и “La Dolce vita” во кој ја играл улогата на самопрезирниот таблоиден колумнист кој минувал денови и ноќи истражувајќи го високото друштво во Рим.

 

Неговите најважни филмови се “8½”, “La Notte”, “Divorce”, “Italian Style”, “Yesterday”, “Today and Tomorrow”, “Marriage Italian-Style”, “A Special Day”, “I Ready to Wear” каде партнерка му е Софија Лорен.

Мајсторјани, Дин Стоквел и Џек Лемон се единствени актери кои два пати се наградувани за најдобри актери на фестивалот во Кан. Мајсторјани ја освоил наградата за филмовите “Dramma della gelosia – tutti i particolari in cronaca” од 1970 и “Dark Eyes” од 1987 година.

Важел за голем шармер, маж со стил, со италјански манири и природни очи. Се оженил во 1950 година со италјанската актерка Флора Карабели со која се разделил во 1960 година. Сепак, тие двајца останале во законски брак до неговата смрт. Со неа има едно дете, ќерката Барбара. По разделбата започнал врска со актерката Феј Данавеј која траела две години. Иако Данивеј сакала да се венчаат и да имаат деца, Мајстројани како католик одбил да се разведе од Карабел. По три години чекање да се предомислил Мастојани, Данавеј го оставила. По неколку децении, таа изјавила: „И ден денеска сакам нашата врска да беше успешна“.

Мастројани ја има ќерката Кјара Мастројани со долгогдишната партнерка Катрин Денев. Двајцата биле во брак кога се запознале, Денев со фотографот Дејвид Бејли, а Марчело со актерката Флора Карабел. Меѓутоа, нивната врска траела од 1971 година до 1975. Нивната ќерка, актерката и пејачка Кјара Мастројани е родена во 1972 година и како што вели таа, своите родители ги видела заедно само на екран, Денев на прашањето за Мастројани во една прилика изјавила:

– Кој еднаш ќе го за познае Марчело, не може да го заборави.

Мајстројани, имал поинаков поглед кон љубовните врски.

– Никогаш на ниту една жена не сум и ветил нешто, па ниту една не можела да ме обвини дека сум и давал лажни надежи. Од сопругата добивам љубов и разбирање, а од љубовницата страст. Жените се како чадор: неколку вистински потези и се е напнато, рекол Мастројани во минатото.

Последните 21. година од животот, ги поминал со режисерката Ана Марија Тату. Умрел во 1996 година на 72 години од рак на панкреасот. Двете негови ќерки како и Денев и Тату биле покрај него кога починал. Фонтаната ди Треви во Рим, симбол на филмот “La dolce vita”, во нговата чест била исклучена и замотана во црно кога починал.

 

Извор и фото: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.