ММС

Објавено на: 02/1/21 1:36 PM

Во Битола украдено возило на грчки државјанин

Секторот за односи со јавност при СВР-Битола информира дека во текот на вчерашниот ден во битолската полиција, грчки државјанин пријавил дека е украдено неговото патничко возило „Фолксваген голф 7″.

Возилото на Г.И. (31 г.) државјанин на Република Грција е одземено на булеварот „1. Мај” во Битола.

-Станува збор за патничко возило до швајцарски национални ознаки, а полициски службеници презедоа мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР-Битола.

Во текот на вчерашниот ден во СВР Битола е пријавено дека на местото наречено „Поранешна касарна” во Битола биле пронајдени стари гранати кои од страна на пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување безбедно биле подигнати 31 артилериска граната калибар 75 мм од Првата светска војна.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.