ММС

Објавено на: 02/1/21 1:00 PM

Почина херојот што го гасеше Чернобил: Со хеликоптерот свесно се изложуваше на радијација

Пoзнатиот советски пилот Николај Антошкин, кој се прослави со отстранување на последиците од нуклеарната катастрофа во електраната Чернобил во 1986 одина, почина во 78. година од животот во својот дом.

Генералот Антошкин командуваше со операцијата што требаше да го запечати нуклеарниот реактор број 4, кој експлодираше и предизвика една од најголемите нуклеарни катастрофи во историјата, во украинскиот град Припјат.

Во операцијата учествуваа сто хеликоптери што имаа задача да летаат над реакторот, од кој се ослободуваше огромна количина радијација, и да го покриваат со песок, со хемискиот елемент бор и со други материјали, спречувајќи така натамшно истекување на радијацијата. Целиот потфат траеше две недели, а генералот Антошкин и другите пилоти свесно се изложуваа на радијација и на чад по разорната експлозија. Тимовите беа состевени од воени, но и од цивилни лица.

Исфрлија околу 5.000 тони материјал за две недели, обидувајќи се така да го изгаснат пожарот и да спречат радијацијата да се прошири ширум Европа. Еден од хеликоптерите се урна откако удри во кран. По операцијата, хеликоптерите беа исклучително радиоактивни, па некои подоцна беа закопани.

Во следните денови и недели, 28 учесници во операцијата починаа како последица од радијацијата.. Антошкин имаше среќа, па и во следните три децении работеше во советското и руското воздухопловство. Руски медиуми пишуваат дека генералот Антошкин починал на 17 јануари по тешка болест, а некои објавуваат и оти бил позитивен на коронавирусот, пренесува „Мондо“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.