ММС

Објавено на: 02/1/21 11:47 AM

Втора изведба на „Балетски бисери“

Националната опера и балет, поради големиот интерес на публиката Ви најавува втора изведба на балетскиот концерт насловен „Балетски бисери“ на 5 февруари (петок) со почеток во 20 часот. Балетскиот концерт ги опфаќа најубавите балетски дела „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ итн. Настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Задолжително е носење на заштитна маска.

Билетите се во строго ограничен број.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.