ММС

Објавено на: 02/1/21 11:29 AM

ЕУ го осуди воениот удар во Мјанмар и побара ослободување на приведените

Европската Унија (ЕУ) го осуди воениот удар во Мјанмар и побара ослободување на приведените, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на социјалните мрежи остро го осуди пучот и ја повика мјанмарската Војска да ги ослободи многубројните луѓе, кои на нелегален начин се лишени од слобода за време на акциите спроведени низ целата земја.

„Потребно е почитување на изборните резултати и повторно воспоставување на демократските процеси“, смета Мишел.

Пучот во Мјанмар најостро го осуди и високиот претставник за надворешни односи и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

„Потребно е почитување на изборните резултати и Уставот. Народот на Мјанмар сака демократија. ЕУ е покрај нив“, наведе Борел.

Мјанмарската Војска објави дека ја презема власта во земјата во времетраење од една година по тврдењата дека имало измама на изборите одржани на 8 ноември 2020 година.

Изборната комисија ги демантираше наводите дека имало измама на изборите на кои победи владејачката партија на Аунг Сан Су Чи.

Војската во Мјанмар е поддржана од Унијата на солидарност и развој.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.