ММС

Објавено на: 02/1/21 10:56 AM

Гореше трската во Преспанскиот басен – се повторува ли случајот со Струга?

Трска и ниска вегетација гореше изминатиот петок на просторот кон Паркот на природата Езерани. Пожерот беше забележан во раните вечерни часови околу 18 часот. Ренџерската служба на Општина Ресен локализираше пред  23.30 часот, со што  спречи навлегување на пожарот во границите на заштитеното подрачје.

Не така одамна, македонската јавност памети за неколкуте пожари на струшкото крајбреже на Охридското Езеро, што беше протолкувано како обид да се обезбеди простор за поставување на плажи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.