ММС

Објавено на: 02/1/21 10:36 AM

Сплиќанец закупил џамбо-билборд за да запроси девојка

Во близина на сплитскиот базен на Полјуд осамна џамбо-плакат. Едена Далматинец на овој необичен начин ја запроси својата девојка.

„Бебо, овде се запознавме, овде ме зеде под рака, овде те прашувам за раката“, пишува на плакатот.

Не знаеме дали девојката се согласила, но како да му речеш „не“ на момче кое се потрудило и на овој начин да ја привече својата „беба“, пишува „Слободна Далмација“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.