ММС

Објавено на: 02/1/21 10:13 AM

Два земјотреса утрово ја погодија западна Турција

Два земјотреса ја потресоа утринава западна Турција, во близина на брегот на Егејското Море, јавува Анадолија (АА).

Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на својата веб-страница објави дека првиот земјотрес се случил во 08:46 часот по локално време со магнитуда од 5,1 степен и длабочина од 20.69 километри, во близина на подрачјето Карабурун во областа Измир.

Една минута подоцна, уште еден земјотрес го погоди регионот со магнитуда од 4,8 степени на длабочина од 7 километри.

Турција е меѓу најактивните сеизмички зони во светот бидејќи се наоѓа на неколку активни раседни линии. Во октомври минатата година, силен земјотрес со магнитуда од 6,6 степени го погоди градот Измир, во кој загинаа најмалку 116, а беа повредени над 1.000 луѓе.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.