Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнал во Маврово, Битола и во Охрид, по околу 20 литри на метар кавратен. Во Скопје наврнале седум литри, а најмалку дожд имало во Демир Капија само еден литар.
УХМР информира дека најмногу снег, пак, има на Попова Шапка, каде што снежната покривка е 51 сантиметар.
Најстудено утрово е во Маврвово нула степени, а најтопло во Гевгелија и Дојран со осум степени. Во Скопје се измерени два степена.
Во текот на ноќта беше облачно со врнежи од дожд, а утрово врнежите се престанати и преовладува умерено до значително облачно време. Дува слаб ветер претежно од јужен правец.