ММС

Објавено на: 02/1/21 7:39 AM

Шестоседот на Шапка го намали метежот пред ски-лифтовите, но остана метежот за паркирање

Новиот шестосед на Попова Шапка ги ублажи проблемите со метежот пред ски-лифтовите, но од метежот овој ски центар никако да се ослободи. Проблемот со паркинг просторот е се’ уште присутен. Изминатиов викенд можеше да се забележат долги колони паркирани возила на патот кон Попова Шапка

Вообичаена слика стана колоната возила паркирани покрај патот, кој води кон скијачкиот центар Попова Шапка. Ако туристите дојдат порано може да обезбедат паркинг место на единствениот паркинг на центарот кој собира стотина возила, но останатите илјадници, се паркираат покрај самиот пат и мора да пешачат до центарот и до еден час

Од раководството на Центарот, велат дека состојбата со коронавирусот ги спречила да реализираат проекти меѓу кои и повеќе паркинг-места.

Со пуштањето во употреба на шестоседот, метежот пред ски-лифтовите се намали.

Деновиве беа намалени и цените на ски-билетите,  а се воведоа и билети за едно возење за жичниците.

(З.Д.)  


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.