ММС

Објавено на: 02/1/21 7:26 AM

АМСМ: Одрони на патот Струмица – Берово, снег на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет паѓа на Попова Шапка.

Поради одрони од карпи и земја сообраќајот на патниот правец Струмица – Берово над рудникот Огражден се одвива отежнато.

АМСМ препорачува приспосеобена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември 2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2021 година


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1