Кривична пријава за незаконит лов, ловел на место за кое нема концесија и со пушка за која немал дозвола
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/31/21 4:11 PM

Кривична пријава за незаконит лов, ловел на место за кое нема концесија и со пушка за која немал дозвола

Денеска во периодот од 06.00 до 14.00 часот од страна на полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи, Полициска станица Берово и претставник од ловното друштво “Дабевец” е спроведена акциска контрола за незаконит лов. При контролата, на место викано “Црвени брегови”, атар на Берово, Б.З.(67) е затекнат при вршење незаконит лов на тоа место за кое нема концесија, со ловечка пушка за која немал дозвола, со што сторил кривично дело по чл.396 од Кривичниот законик.

По насоки на Јавен обвинител, оружјето е одземено, а по целосно документирање на случајот, против Б.З. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци и за вршење незаконит лов од чл.228 од Кривичниот законик.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7