ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/31/21 1:42 PM

Заев најави економски реформи

Подобрување на економијата и отворање на нови работни места. Ова ќе бидат приоритетите на власта во идниот период.

Како што пишува на Фејсбук, премиерот Зоран Заев, Владата на 41-вата седница ја донела Програмата за економски реформи 2021 – 2023 година, која како обврска е дел од реформите согласно евроинтеграцискиот процес.

Програмата за економски реформи содржи: макроекономски проекции; план на Буџетот за наредни три години; и структурни реформи кои влијаат на економскиот раст.

„Овој стратешки документ e исклучително важен дел од пристапниот процес кон Европската Унија“, наведува Заев.

Со петтиот сет економски мерки ќе се им се помогне на повеќе категории на граѓани погодени од кризата наметната од пандемијата. Во текот на 2020 година дел од граѓаните ги изгубија своите работни места поради пандемијата.

foto-fb


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1