Сојуз на средношколци: Од утре продолжува бојкотот на наставата
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/31/21 12:00 PM

Сојуз на средношколци: Од утре продолжува бојкотот на наставата

Одлуката за продолжување на бојкотот беше донесена по синоќешната вонредна седница на Генералното собрание, информираат од Сојузот на средношколците.

„Ќе продолжиме со нашите активности во парламентот во координација со сите пратеници и пратенички групи коишто ги поддржуваат нашите барања, велат од Сојузот на средношколци. Од утре продолжува со бојкот на наставата поради барањата за измени во концептот за полагање државна матура, со кои бараат да полагаат два наместо четири предмети“, велат од Сојузот.

„Исто така, наша делегација претходно одржи средба со неколку пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. На средбата тие ја потврдија нивната поддршка за нашите барања. Бевме информирани дека ќе започнат со иницијатива за организирање на јавна расправа во понеделник и подготовка на законски измени“, велат од Сојузот

.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7