ММС

Објавено на: 01/30/21 5:35 PM

(видео) Случај „Јавна соба“:Поделени и во поддршката и осудата во темата „сексуално насилство“

Разлика меѓу генерации, меѓу половите, па дури и во третманот на жртвите на сексуално насилство со јасно изрзени граници како црно и бело. Тоа е нашето општество, ако се суди според реакциите во „Стадион“ на Канал 77, каде сепак имаше едногласие, дека насилството врз жените и девојчињата треба да се санкционира. Во емисијата со свои ставови учествуваа Ана Колева, девојката од Кавадарци, која јавно прозборе за злоупотребата на нејзините фотографии во групата „Јавна соба“, психологот Зорица Николова, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, актерката Весна Петрушевска, ракометарката Милеева Велкова и новинарката од Радио Пела од Прилеп, Гордана Цветаноска.

-Ние дома имавме искуство што никому не го посакувам. Сексуалното злоставуање може да биде и вербално, никој нема право да ве навредува под вашата фотографија. Девојката Ана е многу храбра и не треба таа да се срами од своите фотографии туку да си размислат тие што се јаки зад тастатура“, нагласи Петрушевска. Според неа, родителите треба да ги учат децата да си го почитуваат своето тело и својот збор, да ги научат дека нема право никој да ги допре ако не сакаат, рече Петрушевска.


„Ние издржавме и предаторот си заслужи казна од 12 години, но тој пат треба да се издржи. Ако се борите, борете се до крај. Не е решение да се укине апликацијата, ние треба да се едуцираме, да имаме алатки за казна на предаторите од социјалните мрежи. Тие се лигавци, бесрамници, несигурни ликови кои се јачаат зад тастатура. Тие се дразнат бесрамно и мислат дека се јаки ако разменат некои искуства. Даваат цена на тоа девојченце, на нејзиното тело или фотографија. Тие не се поарни од реалните предатори, јас ги едначам на исто ниво. Тие не размислуваат дека има далекусежни последици сето ова“, потенцира Петрушевска во денешното издание на „Стадион“.

-Кога дознав прво отидов во одделот за сајбер криминал во Скопје. Претхдно немав никакви информации за тоа каде се пријавуваат вакви случувања. Сакав да ги покажам и броевите што ми ѕвонат, но добив одговор дека додека не пријави малолетно лице не може ништо да се направи“, раскажа Ана според која и луѓето во полициската станица биле шокирани, бидејќи групата „јавна соба“ и претходно се провлекуваше како проблематична во јавноста. Сепак, од полицијата ја посоветувале да пријави во Кавадарци, од каде е и самата таа. Токму тогаш се појавил моментот на разочарување кај неа.

-Mе советуваа да си платам адвокат и тука се разочарав. Како повредено лице во таа ситуација, се обратив таму за да добијам помош, а добив одговор дека сама мора да го најдам решението. Тоа ме поттикна да го објавам видеото. Бев разочарана од одговорот и не сакав да одам на друго место каде би го добила истото како одговор. Исто и друга девојка го пријави случајот па добила одговор дека има многу групи и не може ништо да се направи“, истакна Ана при гостувањето во „Стадион“.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска го сподели сопственото искуство од работата на институциите преку случајот со киднапирање на девојче, на кој самата била сведок.
-Заради  надминување на стереотипите, предрасудите, на линчот кој им се прави на жените заради нивната традиционално подредена улога во семејството, општеството, заради нерамномерната поделба на моќта меѓу мажот и жената, го донесовме Законот за спречување и заштита од насилство врз жената и семејното насилство,“ порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

 

1x1