ММС

Објавено на: 01/30/21 12:21 AM

Ако не умре од бомба, да умре од метак – Филмски план за пресметка на мафијашките кланови во Црна Гора

Лидерот на Кавчан, Слободан Кашќелан, бил цел на ликвидацијата планирана за 22 јануари, што беше спречена од црногорската полиција. Официјалните лица таму ги открија деталите за планираното убиство, кое на многу начини наликува на филм, пишува близ.рс..

Криминалната група, организирана од Јанко Вукадиновиќ од Спуш, планирала да го разнесе блиндираниот автомобил на Кашќелан со експлозив на семафор во Подгорица. На истиот ден кога била планирана ликвидацијата, Кашќелан требало да биде во Високиот суд во Подгорица поради обвинение за перење пари, но судењето било одложено.

Според главниот специјален обвинител Миливоје Катниќ, експлозивната направа пронајдена во Подгорица во средата вечерта била рачно изработена и толку моќна што „убиството извршено на семафор или некаде на улица би било катастрофално“.

Саша Чаѓеновиќ, специјалниот државен обвинител на Црна Гора, исто така рекол дека бомбата со која било планирано убиството имала разорна моќ. Според него, експлозивната направа тежела вкупно 5,8 килограми, од кои околу 3,2 кг пластичен експлозив биле ставени во неа. Чаѓеновиќ објасни и како требало да се инсталира.

– Оваа експлозивна направа, според досега собраните докази, била подготвена за закачување на покрив на возило во движење, а според формата и конструкцијата се состоела од метален дел во кој имало експлозив, а прелиминарните изјави на експертите велат била смртоносна.Овие уреди имаат дијаметар од најмалку 100 метри од местото на експлозијата – рече тој.

Со оглед на количината на експлозиви планирани за ова убиство, тешко дека Кашќелан ќе имал шанса да преживее. Во случај да се случеше и планот Б. Двајца членови на криминалната група што го испланирале убиството чекале со мотор подготвени да му пријдат и да го застрелаат од непосредна близина.

Во врска со оваа ликвидација, три лица беа уапсени во акцијата на црногорската полиција. Станува збор за Душан Ивановиќ, Момо Милиќ и Хасан Турковиќ, кои се осомничени дека криеле експлозив што не успеале да го искористат во обидот за ликвидација на 22 јануари, па имале намера да го префрлат во Бар, каде требало да убијат криминална група блиска до Кавчани.

Како што изјавил Саша Чаѓеновиќ, специјалниот државен обвинител на Црна Гора на прес-конференцијата на 27 јануари, се верува дека криминалната група што планирала ликвидација на Каскелан од Спуч била организирана од Јанко Вукадиновиќ.

– За злосторството планирано во Подгорица требаше да бидат платени 500 000 евра, додека за злосторството планирано во Бар, на оваа криминална организација требаше да и се исплатат околу 50 000 евра, и тоа само на директните сторители – рече Чаѓеновиќ.

Извор: blic.rs

Фото: informer.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.