Што се замислува, дека е Здравко Чолиќ? Пејачката Маја Николиќ му врати на Аличиќ за озборувањето - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/29/21 11:28 PM

Што се замислува, дека е Здравко Чолиќ? Пејачката Маја Николиќ му врати на Аличиќ за озборувањето

 

Фолк пејачот Љуба Аличиќ неодамна збпруваше за своите помлади колеги и воопшто не ги поштеди, туку им рече дека кога ќе го наполнат клубот со 1.000 луѓе, тогаш ќе ги признае како пејачи, а неговата изјава наиде на бурни реакции од многу музичари.

Сега, свое мислење изрази и пејачката Маја Николиќ, која посочи дека не го познава Љубо лично, но и дека е сигурна дека тој не мислел на неа.

Исто така, пејачката, како одговор на изјавата на Аличиќ, застана на страната на нејзините помлади колеги и му возврати на пејачот.

“Не го познавам приватно Лубо, па не знам на кога мислеше. Не сум засегната од неговата изјава, затоа што не пееме на истите места. Пеам во младински домови и слични места, не „Не пеам ромски свадби, туку градски. И многу пејачи можат да полнат најмалку 1.000 луѓе на настапот и концертот“, истакна пејачката и додаде:

“Што тој не спомна некои имиња, туку зборуваше завиткано. Моето мислење е дека Александра Пријовиќ секогаш може да наполни, како и Саша Ковачевиќ. Што сака да каже?! Дека Цеца, Лукас, Брена и Бекута не полнат сали, секако дека можат, бидејќи тие се живи легенди. Не знам што се умислил тој Аличиќ, можеби дека е Здравко Чолиќ “, рече пејачката.

Извор и фото: mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7