ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/20/18 8:25 AM

Манчестер Јунајтед одигра нерешно на првиот контролен натпревар во САД

Манчестер Јунајтед ја стартуваше претсезонската турнеја во САД со реми 1:1 против мексиканскиот клуб Америка. Дуелот помеѓу двата тима се одигра во Глендејл, Аризона, а „црвените ѓаволи“ беа без голем дел од главните фудбалери.

Учесниците на Светското првенство 2018 (12 на број) не патуваа во САД, додека проблемите со визите го одложија приклучувањето на Алексис Санчез. И новото засилување Фред не учестваше во натпреварот. Недостатокот на ѕвезди и високите цени на билетите ја одвратија публиката, па стадионот беше полупразен.

Резултатот го открија Мексиканците по час игра, преку напаѓачот Хенри Мартин, кој постигна гол со глава против дебитантот Ли Грант. Во 78-та Јунајтед стигна до реми преку Хуан Мата, кој реализираше одблизу, откако претходно топката се одби од гредата.

Следната проверка на Манчестер Јунајтед е на 23 јули, а ривал на тимот на Жозе Мурињо ќе биде Сан Хозе.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1