ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/29/21 4:33 PM

Припечанец изгубил контрола на возилото и удрил во столб

Приплепчанец утрово изгубил контрола на своето возило и удрил во столб. Во сообраќајната незгода повредени се и возачот и сопатникот.

„На 29.01.2021 во 06.14 часот на ул.„Леце Котески“ во Прилеп, Х.Р.(21) од Прилеп, управувајќи патничко возило „опел астра” со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во столб. Во незгодата, возачот Х.Р. и сопатникот Ф.Ј.(22) од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп“, информираат од Полицијата.

Увид на место на незгодата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7