ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/29/21 3:36 PM

„Сонот на штипјани”-Нова акција на Арт активистите(фото)

Нова акција спроведе денеска  Штип Арт Активистите насловена како “Сонот на штипјани”.

„Оваа акција ја спроведовме како резултат на претходно  направеното он лајн истражување со граѓаните на Штип каде тие потенцираа и издвојуваа најголеми проблеми со кои се соочуваат во секојдневното живеење. Во најголем број граѓаните укажаа на проблемот со нечистотијата и ѓубрето, не безбедни пешачки премини и немањето на  рампи за инвалидни лица, небезбедни булевари, тротоари кои служат за паркинг наместо за пешаци, осветлување на улици, потребата од зелени површини, функционални и безбедни детски игралишта и недостаток на кино. Сонот на штипјани се да нема сообраќаен метеж и имаат проодни и безбедни булевари и тротоари, чиста животна средина, повеќе зелени површини за рекреација и кино,“

Овие соништа за поубав, почист , безбеден и зелен Штип, се прикажани преку поставени табли низ локации во  градот каде граѓаните во истражувањето  ги потенцирале како проблематични.

„Воедно апелираме и на самите граѓани од нашиот Штип дека сообраќајната култура, солидарноста со пешаците и нивната безбедност, ѓубрето расфрлано низ градот, е и нивна одговорност и сите можеме да внимаваме и придонесеме кон поубав Штип. Апелираме до Јавните претпријатија во градот и самата Општина на поголема грижа за чист и зелен град, осветлување на улиците, санкционирање на несовесните возачи кои ги користат тротоарите за паркинг и узурпираат простори наменети за пешаци, побезбедни и прегледни булевари за поголема  безбедност во сообраќајот и нови зелени површини наменети за рекреација“, информираат од Арт Активизам.

Од тука информираат дека оставените реквизити се од биоразградлив материјал и единствен начин да се укаже на сонот на штипјани за поубав Штип.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1