ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/20/18 8:00 AM

Случај „Труст“: Бизнисменот Сеад Кочан денеска ќе ја слушне пресудата

 

Денеска напладне во Кривичниот суд во Скопје треба да биде изречена пресудата за предметот „Труст“ на СЈО.

Обвинетите во овој предмет – Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ пред Судот се изјаснија дека не чувствуваат вина за делото за кое се товарат.  Кочан во завршните зборови рече дека не се чувствува виновен, бидејќи немал никаква умисла да прекрши кој билој закон.

Тој посочи дека не ги проверил документите за овој случај пред да ги потпише, иако како менаџер имал таква обврска.

И Авировиќ во завршните зборови се изјасни дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари. Според него, обвинението е неосновано и дополнително ја загрозило неговата кревка здравствена состојба.

Обвинетиот Ватиќ во завршните зборови, исто така, рече дека не се чувствува виновен и очекува да биде донесена ослободителна пресуда.

Претставникот на „Трансмет“ ДОО Скопје, Сабина Аломеровиќ рече дека се приклучува на завршните зборови на бранителите на правното лице и во целост стои зад нив. Таа посочи дека очекува ослободителна пресуда за правното лице „Трансмет“ ДОО Скопје.

Адвокатот Јован Јоанидис, кој е застапник на правното лице „Силекс неметали СТ“ рече дека Судот коректно ја водел целокупната постапка и очекува да биде донесена одлободителна пресуда за сите. Според него, во овој предмет нема елементи на кривичното дело кое што им се товари на сите обвинети.

СЈО побара тројцата обвинети да бидат осудени, а фирмите „Трансмет“ ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ“ преку конфискација да вратат во државниот буџет 17 милиони евра.

Освен барањето за конфискација на имотот, СЈО одлучи третообвинетиот во овој случај Сафет Васиќ да го гони за помагање и го повлече обвинението за неговата фирма „Вато“ ДОО Студеничани.

Според обвинението, осомничените формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1