ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/20/18 7:57 AM

Потешко повредено шестгодишно дете по удар од автомобил

Шестгодишно дете е потешко повредено на регионалниот пат Хиподром-Јурумлери откако автомобил удрил во него.

Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено и задржано во комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Како што информира МВР, вчера околу 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко моторно возило „Сеат“ со скопски регистерски таблици управувано од Ј.И. (58) од Скопје удрило во дете на возраст од шест години на регионалниот пат Хиподром – Јурумлери, кај место викано „Дунек“.

 

 

 

Извор:МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1