ММС

Објавено на: 01/29/21 12:18 PM

Државниот инспекторат за животна средина изврши инспекција во компанијата „Дојран Стил“

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека нивни инспектори во присуство на директорката Ана Петровска, вчера извршиле инспекција во компанијата „Дојран Стил“.

Инсталацијата за челични производи, како што се посочува, поседува сертификати за стандардите за управување со животна средина – ИСО 14001 и за енергетска ефикасност. – ИСО 50001 и постојат планови годинава да се замени фосилното гориво (мазут), што се користи во жаречката печка, со гас.

Досегашните мерења на емисиите во воздухот не биле правени од лабораторија што поседува соодветна акредитација. Затоа наскоро ќе се прават вонредни мерења во присуство на инспектор. Акредитираниот стандард што се применува е гаранција дека мерењето се врши при полн капацитет на производство и дека мерењата ќе бидат меродавни. Евентуални надминувања на граничните вредности ќе значат примена на дополнителни мерки за намалување на емисиите. Ќе се проверува и одводот од платформата за преточување на мазут за да се спречат евентуални хаварии. Неопходно е и подобрување на складирањето на течен отпад. Се грижиме инсталациите постојано да применуваат висок степен на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните низ целата земја, стои во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина.

foto-fb


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.