ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/20/18 7:47 AM

Вдовицата на чеченскиот исламист Ал Шишани уапсена во Истанбул

Пет припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) биле уапсени на почетокот на јули во Истанбул, а меѓу нив е и Седа Дудуркаева, вдовица на водечкиот чеченски исламист Таркан Батирашвили, попознат како Абу Омар ал Шишани.

Турските власти дури денеска објавија за апсењето на групата.

Дудуркаева е ќерка на поранешен чеченски министер. Таа и Ал Шишани се Чеченци по потекло од Грузија, при што Ал Шишани се бореше на страната на грузиската армија во кусата војна со Русија во 2008 година, откако завршил американска обука за извидувач.

Ал Шишани ја напуштил Грузија во 2010 година, поради конфликт со властите, по што од 2012 година е командант на исламистичка група во Сирија, базирана главно во Алепо.

Непроверени информации дека бил убиен во борбите во Сирија се ширеа од 2014 година, а во летото 2016 година ИД потврди дека Ал Шишани бил убиен во борба во Ирак.

 

 

Извор:МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1