ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/20/18 7:21 AM

Тачи: Размислувањата на Вучиќ се далеку од реалноста

Размислувњата на шефот на српската држава Александар Вучиќ за Косово се далеку од реалноста, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи, изнесувајќи оценка за последниот круг од дијалогот меѓу Белград и Приштина што се одржа во средата во Брисел.

– Состанокот беше најкус во последните шест години, Не беше лесно да се разговара со Вучиќ, кој Косово и натаму го смета за дел од Србија и смета дека Косово или Качаник се срцето на Србија. Таквото размилсување на претседателот на Србија е далку од реалноста, изјави Тачи.

Сепак според Тачи, и покрај тешкотиите во сегашната фаза од разговорите, тој е убеден дека дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе заврши со меѓусебно признавање и во интерес на двете страни.

 

Извор:МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1