ММС

Објавено на: 01/27/21 10:32 PM

Започна постапката за набавка на 200.000 дози САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против Ковид-19

Владата на вечерашната, 42 редовна седница, ја разгледа и ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19.

Со заклучок на Владата Министерството за здравство доби задолжение да спроведе постапка за набавка на 200.000 единечни дози од САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19 согласно со член 55 став (1) точка г) од Законот за јавните набавки, односно преку постапка со преговарање без објавување оглас, соопштуваат од Владата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1