ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/27/21 10:57 AM

Го изгубила вереничкиот прстен пред 13 години, го пронашла на морков во градината

По 13 години, Канаѓанката Мери Грамс (84)  го пронашла вереничкиот прстен на морков во нејзината градина.

Мери го изгубила вереничкиот прстен во 2004 година. Се обидела да го најде, но залудно. За да не го повреди сопругот, купила нов прстен-копија без да му каже што се случило.

Мери мислела дека прстенот е неповратно изгубен, сè додека еден ден нејзината снаа Сара Рајан од земјата во нивната градина извадила чуден морков. Сара се чудела на изгледот на морковот но наскоро сфатила  зошто ја добил таа форма. Имено, прстенот од нејзината свекрва бил на морков кој пораснал, спровнувајќи се низ него.

Мери не можела да поверува дека е пронајден нејзиниот стар свршенички прстен. Сопругот на Мери, никогаш не забележал дека неговата сопруга носи копија од нејзиниот веренички прстен.

Слична ситуација се случила во Шведска во 2011 година, кога по 16 години, една жена си го пронашла  прстенот во својата градина.

24sata.hr

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1