ММС

Објавено на: 01/27/21 7:14 AM

Временска прогноза: Променливо облачно и студено, наместа слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен, а вдолж Повардарието силен ветер претежно од северозападен правец. Наместа ќе провејува слаб снег. До крајот на денот облачноста во најголем дел од земјава ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.

Во Скопје, како што информира УХМР, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со засилен северен ветер.

Од утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, но ќе се задржи студено, особено во утринските часови. Од петок следува период на променливо облачно и потопло време со нови врнежи од дожд, а на планините од снег.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.