ММС

Објавено на: 01/26/21 8:17 PM

Србија на млади брачни двојки сака да им подели 150.000 празни селски куќи, а потоа и земјиште

Србија прави напори и презема мерки за заживување на селата. Планира да подели 150.000 празни селски куќи на млади брачни двојки, а потоа бесплатно да им додели и земја, пренесуваат српските медиуми.

Милан Кркобабиќ, српски министер за грижа за селото, денеска најави дека по пат на јавен повик ќе бидат поделени околу 150.000 празни селски куќи.

„Сакаме празните куќи во Србија, а има дури 150.000 такви, да одат на јавен повик, да им овозможиме на младите брачни парови да ги добијат куќите со нивната околина“, изјави Кркобабиќ.

Тој најави дека наскоро ќе почнат и со поделба на бесплатно земјоделско земјиште. Рече дека на младите би им се дала шанса да ги заживеат селата, но и да заразботат за живот. Селата во Србија, слично како и во Македонија, се празнат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.