ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/19/18 3:56 PM

Мицкоски: Доколку навистина се стремиме кон европските вредности и принципи така треба и да се однесуваме

Доколку навистина се стремиме кон европските вредности и принципи така треба  и да се однесуваме и истите вредности не само декларативно да ги соопштуваме туку и да ги применуваме во дело – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната лидерска средба.

„Што подразбира тоа? Тоа подразбира почитување на законите  и почитување на Уставот и да превенираме било каков обид да се изигра волјата на граѓаните, односно да се поставуваат повеќе смислени прашања  за круцијални теми за кои што ние како граѓани сме загрижени за иднината на оваа држава, изјави тој  потврдувајќи дека разговорите продолжуваат и понатаму.

Денешната средба на Заев, Мицкоски, Касами и Ахмети траеше неколку часа, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека во врска со дел од актуелните политички прашања имаат приближување во ставовите, но во врска со останатите нема никаков напредок.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1