Совет на Европа: Бугарија не ги почитува правата на македонското малцинство - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/26/21 6:28 PM

Совет на Европа: Бугарија не ги почитува правата на македонското малцинство

Бугарија не постигнала значителен напредок во главните области, вклучително и корупцијата на високо ниво, слободата на медиумите, правата на малцинствата, говорот на омраза и насилство против жените, oд што е загрижено Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ),се наведува во извештајот на известувачот на ПССЕ, Михаел Аструп Јенсен, за исполнувањето на обврските на земјите под мониторинг, преземени со членството во Советот на Европа.

Под строг мониторинг се единаесет земји, меѓу кои Русија, Полска, Србија и Албанија, а во постмониторинг дијалог се Македонија, Црна Гора и Бугарија. Како што објасниl Јенсен, поради пандемијата работата на следењето на обврските било отежнато. Во извештајот на ПССЕ повторно се најде положбата на македонското малцинство во Бугарија.

На годинешнава прва зимска сесија на ПССЕ која се одржува комбинирано, при што дел од парламентарците се присутни во Стразбур, а дел учествуваат преку видео врска, за  Бугарија беше истакнато дека во изминатата година нема постигнато напредок во главните области што загрижуваат, вклучително и корупција на високо ниво, слобода на медиумите, како и човековите права на малцинствата, меѓу кои и на Македонците.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7