ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/19/18 3:26 PM

Во сообраќајка во тетовско почина пешак

 

Шеесетгодишен пешак од тетовскот село Одри им подлегна повредите на Карил во Скопје, откако вчера беше удрен од возила на регионалниот пат Тетово – Јажинце.

Сообраќајката се случи вчера околу 15 часот и 40 минути, на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во селото Одри. Пешакот бил удрен од патничко возило „Опел астра” со тетовски регистерски таблици, кое било управувано од  20-годишник од село Јажинце. Пешакот откако бил удрен од возилото задобил телесни повреди по целото тело и по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница, каде е пренесен со возило на Брза помош, итно бил префрлен на Карил, каде пред полноќ им подлегнал на повредите.

Извршен е комплетен увид и се работи на целосно утврдување на причините за несреќата, околностите во кои се случила и се’ друго – соопшти денеска полицијата.

Полицискиот билтен бележи и акциска контрола во два угостителски објекти на гостиварското подрачје    Во рамки на акцијата вчеравечер од 23 до 5 часот во угостителски објект во село Чегране, сопственост на 50-годишeн чегранец затекнати се вкупно 9 женски лица, од кои 7 странски и 2 државјанки на Република Македонија, кои како пејачки и танчерки ги забавувале присутните гости во локалот.  Шест од нив  на возраст од  21 до 47-годишна возраст биле од Република Албанија и 1 од Република Грција и заедно со сопственикот нa  објектот, приведени се и задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка. Во угостителски објект лоциран на улица „Тоде Богдановски” во Гостивар, затекнати се 4 албански државјанки на возраст од 22 до 39 години, кои исто така се приведени и задржани за натамошна постапка.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1