ММС

Објавено на: 01/25/21 3:03 PM

„Седевме во кола и плачевме! Жената е жртва два пати- кога ќе ја силуваат и кога јавно ќе прозбори!“ Во Македонија сеуште е табу да се зборува за силувањето

Српската актерка Милена Радуловиќ, со признавањето дека е силувана од нејзиниот професор Мирослав Мика Алескиќ, не само што поттикна други нејзини колешки да проговорат јавно за злосторството направено врз нив, туку, ја разбрануваа целата српска јавност. Долг е списокот на јавни лучности во Србија кои им дадоа поддршка на Милена и останатите девојки, а со поддршка им се приклучија и актери и јавни фаци од Хрватска. Токму ова е резултат за формирање на регионално движење #MeToo, во кое свое искуство споделуваат жртви на силување или сексуално вознемирување, но и поддршка за жртвите.

 

Во оваа балканска поддршка недостасува Македонија, односно гласот на жртвите или поддршката од нашите јавни фаци. Иако со исклучок на неколку, иако ова не е е доволно за јавна осуда на предаторите во државава. Една од ретките која по обелоденување на Милена, е актерката Весна Бејби Петрушевска, која низ примерот на малтретирање на нејзината ќерка Мина, и даде поддршка на српската актерка.


Има ли во Македонија злоставувани девојки? Секако дека има! Се зборува ли јавно за тоа? Речиси и да не. Зошто во Македонија, сеуште се молчи за сексуалното малтретирање на жените, а со молчењето и неказнувањето им се дава поддршка на предаторите.


ММС праша дел од јавните личности за нивното искуство и за тоа што, според нив треба да се направи. Еве ги нивните одговори:

Амернис Нокшиќи: Сум имала таков случај, но не со силување туку со допирање на моите колена од еден професор, не на ФДУ, туку професор од друг факултет. Бев прва година, чувството дека некој те допира додека ти полагаш испит е страшно, ужасно, не би сакала ниедна жена да го почувствува тоа.  Силувачите, според мене, треба јавно да се кажат кои се со име презиме и фотографија, значи да се стават на тапет за јавноста да види кои се тие луѓе. Силувачите треба да се казнат со најтешки казни. Веројатно се молчи бидејки мислат дека е срамота да се каже јавно, што ќе каже околината, па девојката ќе биде жигосана за цел живот. Очигледно дека сме многу затворено општество и е срамота јавно да се збори за работите. За кај нас не сум слушнала за некоја позната жена што е силувана, а ако има такви и познати и непознати ги охрабрувам да вперат прст на виновникот за да си ја добијат соодветната казна.

Гордана Деан Попхристова: Сексуално насилство во јавните проифесии е присутно и , за жал  жртвите не ги споделуваат јавно своите мачни искуства. Јас еднаш присуствував на многу непријатна сцена кога патувавме после настап со една многу позната естрадна ѕвезда. Тој возеше и вознемуруваше девојче кое седеше до него и кога таа го одби застана со колата, беше среде ноќе, а бевме на автопат каде немаше никој. Сакаше да ја исфрли од кола. Јас и другарка ми седевме позади плачевме  и го молевме да не ја остава сама на автопат и на крај сепак се освести, вероватно плашејќи се за последиците на неговата кариера.

Кога го постирав ова пред една година, бев шокирана од реакциите кои беа шовинистички, со омраза кон мене зошто ја кажав оваа вистинска случка, а не кон човекот кој го починил делото. Реакциите беа дека јас лажам, дека сакам некакви пет минутна слава и дека ние танчерките сме сите лесни женски и  заслужуваме таков третман.   Тогаш ја сватив болна вистина дека жената, која ќе доживее силување од страна на некој кој општеството го смета за угледна личност ќе биде жртва два пати. Правиот пат кога ќе ја силуват и вториот пат кога јавно ќе го каже тоа.

Ребека: Во држава каде што од поодамна не функционираат правните норми, казни и нема правда не очекувам никој да прозбори.  Овде се молчи за се. Овде се плашат лајк да стават на пост за Македонија. Се плашат да кажат дека се Македонци и се плашат да се борат за основни човекови права. Жалам,но ние живееме во заробена држава.

Милена има 26 години, глумица е (патем одлична ) со својата изјава дека била сексуално злоставувана од својот учител по…

Posted by Vesn Bejbimama Petrusevska on Sunday, January 17, 2021

 

Весна Бејби: За мојот случај веќе сите знаат. Јавно сум зборувала за тоа. А тука нема компромис за предаторот.Нема оставање простор.Ние имаме проблем со освестување на злосторството кое се вбројува во најтешките облици криминал. Кај нас се завршува со коментар под постот.Тврдам дека немаме доволно развиена свест за овој проблем.Се случуваат секојдневно злоставувања на деца и во рурална и во градска средина. Ако не пријави жртвата ,поточно ако не соопшти, предаторот си функционира без никаква пречка.Тој има механизми на застрашување.Тоа е нивна матрица.Моето искуство е максимална казна која беше 12,5 години .Ние како правна држава немаме на оваа тема пожестоки казни.Процесот на терање правда е болен и мачен.И никој ама баш никој во оваа држава не се бави со последиците за жртвата и семејството.Немаме систем. Кај нас по ова што следам молчат. Стигмата е силна и тешко се пробива. Ете јас тргнав преку нашата приказна. Се сама избуткав.Немаме однос кон менталната хигиена, кон развојот на личноста која е жртва.

Катерина Шехтанска: На моја голема среќа никогаш не сум имала (фала му на Бога), ниту пак некој смеел да ми се приближи. Прво како ќерка на актер кој се знае со сите, а и дополнително поради мојот карактер и ароганција од која секогаш се плашеа на некој начин таквите болесници да ми се приближат а не па да пробаат нешто. Апсолутна поддршка за јавно говорење давам. Не знам дали имало случај со моја колешка. Па, јас колку што сум запознаена немало, а можеби и имало ама им било страв да проговорат и јавно да споделат за да не наидат на осуда и искривување на нештата од вакво болно општество, каде попрво ќе му подадат рака и поддршка на силувачот отколку на жртвата. Надлежните кај нас се веројатно потенцијални и поради тоа не се превзема ништо…Тоа ми е единственото објаснување што е логично, друго нема за да премолчиш на ваква работа и да не превземеш мерки кои со строги казни има да го  вразуми секој нареден. Едноставно со не правење на ништо им давате одврзани раце да прават што сакаат. И затоа јасно треба да даде до знаење. Кај нас секогаш се молчело не толку од страв колку од што ќе кажат другите и како ке биде тоа примено од јавноста. За жал после сите прочитани коментари на јавно објавени статии искрено ми е жал и срам што живеам во едно вакво искривено општество каде жртвата е повеке напаѓана од напаѓачот. Жално и одвратно, и после зошто се молчи. Па не се сите силни и моќни да успеат да се изборат со вакви предизвици, тука јасно треба да се даде поддршка и од општеството а најмногу од надлежните кои упорно молчат.

Не се работи за дали се познати или не, не ни смее, на никој не смее да му се случи такво нешто. Само што за жал кога се познати повеке се добива внимание, и може само тогаш да се потегне да се направи нешто ама сепак и тука коментарите се гнасни, така што секоја би се запрашала дали воопшто овој народ заслужува да сподели човек нешто со нив, а камоли да бара помош кога надлежните молчат. Давам поддршка за јавно да се говори за секоја ситуација или проблем кој не мачи, а посебно за вакви гадости и педофилија каде треба закон со смртна казна.Не се сите силни и мокни да се справат со таква ситуација, како на психичко така и на општествено ниво (што ќе кажат другите, како со кои очи ќе ме гледаат).


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.