ММС

Објавено на: 01/25/21 11:42 AM

Искуството на Израел со вакцините – вакцинирана 30% од 9,25 милионската популација

Изреал на 19 декември започна со вакцинација на своето население и ја има најбрзата динамика во светот. До сега е вакцинирана околу 30% од 9,25 милионската популација. Во светската јавност постои голем интерес за процесот на вакцинација во Изреал, поради што своето искуство Министерството за здравство го сподели на претпладневната прес конференција.

-Тоа што сме релативно мала држава, е предност во овој процес, вклучувајќи ги и раните подготовки и склучените договори со производителите на вакцини“, рече Ашер Салмон од израелското Министерство за здравство, кој ја координира целата вакцинална кампања.

Првите вакцини од Фајзер и Модерна се наменети за медицинскиот персонал и други професионалци, како полицaјците и пожарникарите. До сега со втората доза се ревакцинирани околу 75% од овие професионалци.

За разлика од земјите на Европската Унија, во Изреал наместо вакцинирање на населението над 75 години, се опфатени луѓето над 60 години. Наскоро почнува вакцинирањето и на младите меѓу 16 и 18 години, со цел како што рече Салмон, да може да се отворат училиштата. Се планира и вакцинирање на бремените жени, бидејќи до сега испитувањата покажуваат дека вакцината е безбедна и за оваа категорија.

-Јасно е дека нема излегување од пандемијата без вакцинирање на младите, изјави Салмон.

Израелската држава има гломазна и сеопфатна логистика за целиот процес. Команден центар го раководи процесот. Голем предизвик е транспортот на вакцините на Фајзер по одмрзнувањето од минус 80 степени. Животот на овие вакцини е три дена на температури од 2-8 степени. Има еден државен центар од каде рано наутро по четири часот, тир пати неделно се транспортираат по локалните центри. Покрај здравствените центри, за вакцинирање се користат големи објекти, како стадиони, арени, мобилни ординации во центрите на големите градови на отворено.

Паралелно со логистиката, отворен е информациски систем за за следење на вакинираните, вклучувајќи и национален систем за алергиски реакции. Развиена е апликација, каде граѓаните може да добијат термин за вакцинирање, можат да закажат преку текст порака (СМС) и преку бесплатен број односно кол центар. Во исто време има двоен систем на информирање. Едниот е за медицинските професионалци, кои може да прашуваат и контактираат околу текот на вакцинацијата, додека вториот е за населението, кое може да поставува прашања и да биде информирано.  Не помалку важна е информативна кампања преку медиумите, со флаери и друг тип на јавно инфирмирање, додека политичарите, познатите, верските лидери имаа вакцинирање со пренос во живо. Изреал е земја која има дури 97% опфат на деца со педијатриските вакцини.

Ова со цел да се избегнат дезинформациите и теориите на заговор, девизата на изреалските здравствени власти е одржување на целиот систем едноставен за разбирање, сигурен и флексибилен.

-Создадовме критична маса, кога секој еден знае некој кој бил вакциниран. Одредивме граница од 60 години наместо 75 и ја зголемивме критичната маса, со став дека вакцинирањето е нешто што секој го прави, изјави Адам Катлер од Министерството за здравство.

Вакцинирањето ќе продолжи со несмалено темпо, а се очекува да пристигнат вакцини и од Астра зенека кога ќе бидат одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА). Алеригиските реакции и нус појавите како фацијалната пареза и осипот се присутни во мал процент, но се надминуваат за кратко време во домашни услови, беше речено на прес конференцијата.

И покрај масовната вакцинација, маските остануваат задолжителни во јавниот простор во наредните недели па и месеци, бидејќи како што беше кажано, вакцинираните можат да го шират вирусот. Што се однесува до мутациите на корона вирусот, развиените вакцини се соодветни, Нема податоци дека мутираните соеви се резистентни на вакцината.

Прашања и одговори за вакцинацијата во Изреал:

  1. Заштитен ли е човекот по прием на првата доза вакцина?

-Да, ама таа заштита е недоволна, поради што има случаи на заболени од ковид 19 по прием на првата доза, па дури и развивање на симптоми по првиот ден на прим на вакцината. Има и заболени по прием на втората доза, бидејќи вакцината не штити 100%.

  1. Дали пред вакцинирањето се прават серолошки тест?

Не, нема причина.

  1. На колку време се примаат дозите?

-Според препораките од производителите : Фајзер 21-25 дена, додека Модерна на 28 дена.

  1. Дали пред вакцинирањето Израелците потпишуваат документ за согласност?

-Нема потреба, бидејќи претходно пополнуваат прашалник за алергиски и други болести, бременост и сл.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.