ММС

Објавено на: 01/25/21 11:34 AM

„Брза лента“ за патување: Грција воведува сертификат за вакцина

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис ја повика Европската унија да воведе дигитални сертификати за вакцинација, со што ќе се олеснат патувањата, а тоа би и’ било од помош на туристичката индустрија која е катастрофално погодена со пандемијата на коронавирусот.

Локалните медиуми пренесоа дека Грција веќе почнала да издава дигитални сертификати за вакцинација за своите граѓани кои се вакцинирани против коронавирусот. Со помош на ваквите сертификати тие може да се движат без рестрикции меѓу регионите, а се очекува истите поволности да важат и за патниците што со слична потврда ќе влезат во земјата.

Мицотакис ја повика ЕУ да воведе ваков тип сертификат што ќе важи во целата Унија и така ќе се поедностават патувањата на вакцинираните Европјани.

„Со широката употреба на договорениот и стандардизиран дигитален сертификат за вакцинација ќе можеме повторно да се отвориме, да го оживееме туризмот и со тоа да им овозможиме на нашите граѓани да се движат слободно и без рестрикции од земја во земја“, изјави тој.

„Луѓето со право ќе се прашуваат дали тоа ќе доведе до ограничување на движењето? Не, нема. Не треба сертификатот да се меша со ковид пасошот. Нашата цел не е да ги поделиме Европјаните на две категории – оние кои се вакцинирани и оние кои не се. Наместо тоа ние сакаме да создадеме брза лента за оние кои имаат дигитално стандардизиран сертификат“, рече Мицотакис.

Според него, невкацинираните граѓани кои ќе сакаат да патуваат ќе треба да почитуваат одредени правила како што е ПЦР тестирањето пред патувањето, па и карантин таму каде што ќе биде потребно. Грчкиот премиер го претстави овој план на виртуелниот состанок на европските лидери минатата седмица. Сепак донесувањето на оваа одлука е одложено за следните состаноци кога ќе се знае повеќе за ефикасноста на вакцините.

Во Грција вакцинацијата почна на 27 декември. до вакцината на Фајзер.

 

Извор:  nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.