САД сметаат дека во Северна Македонија има одлични напори за зголемување на судските реформи
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/24/21 1:00 PM

САД сметаат дека во Северна Македонија има одлични напори за зголемување на судските реформи

Напорите кои се фокусирани на прочистувањето на судството во Северна Македонија, како и оние за судска транспарентност, дигитализацијата и адресирање на проблемите со корупцијата ги сметам за одлични, истакна американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз.

Таа во интервју за Гласот на Америка нагласува дека овие реформи треба да продолжат, да бидат континуиран процес и мора да се осигура дека правда ќе има за сите.

– Во Северна Македонија има одлични напори да се зголемат реформите во судскиот систем, има неодамнешни најави, конкретно фокусирани на чистење на судството, за судската транспарентност, дигитализација и адресирање на проблемите со корупцијата. Но, крајно треба да се осигури да има правда за сите, судска независност, транспарентност, правен и етички кодекс кој секој треба да го почитува. Ова не е нешто што се применува еднаш, туку мора да биде посветена заложба и процес, исто како што е во Соединетите Американски Држави, порачува Брнз.

Амбасадорката најави дека САД ќе продолжат да работат со Владата во насока на поддршка и продолжување на веќе започнатите судски реформи.

На врвот на владиниот план наречен „Акција 21″ со кој треба да се донесат европските стандарди дома, на врвот се реформите на правосудството и во таа насока на крајот на минатата година министерот за правда Бојан Маричиќ, заедно со првите луѓе на Судскиот Совет и Обвинителството ја презентираа методологијата, според која се направи проверка на работата на судиите и обвинителите.

Овој процес, највено е дека ќе го водат токму претставниците на правосудството, односно фелата. Досега неколку судии веќе се разрешени, за кои е утврдено несовесно и нестручно работење.

Според најавите од Министерството за правда следуваат забрзани чекори за дигитализацијата на правосудството, нешто што беше директно поздравено и од амбасадорката Брнз.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7