ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/24/21 10:49 AM

11 рудари спасени од кинески рудник

Спасувачките екипи во Кина ослободија 11 рудари кои беа заробени 600 метри под земја во рудник за злато во северна Кина, објавија денеска државните медиуми.

Кинеската телевизија прикажа снимка од екстракцијата на првиот рудар, кому му беа врзани очите за да се заштити од светлина. Тој веднаш бил пренесен во болница на лекување, а неговата состојба била опишана како „екстремно слаба“, објави Би-Би-Си.

Експлозија што се случи на 10 јануари во рудник за злато во провинцијата Шангдонг зароби 22 рудари. Еден работник почина.

Спасувачките екипи претходно успеаја да воспостават контакт со рударите и да им доставуваат храна.

Вратилото 350 метри под површината блокираше 70 тони отпад што се протега на уште 100 метри, а спасувачите проценуваат дека ќе бидат потребни уште две недели да стигнат до рударите и да ги пренесат на безбедно, додека тие продолжуваат да бараат дополнителни шахти за комуникација, вентилација и евентуална евакуација.

Некои рудари се истоштени бидејќи се наоѓаа под земја од 10 јануари, кога експлозијата го уништи влезниот тунел кон рудникот за злато во провинцијата Шандонг.

Управата на рудникот е во притвор бидејќи чекале повеќе од 24 часа за да ја пријават несреќата, чија причина сè уште не е објавена.

Зголемениот надзор ја подобри безбедноста во рударската индустрија во Кина, која однесе 5.000 животи годишно, сепак несреќи продолжуваат да се случуваат, а 39 рудари загинаа во две несреќи само минатата година.

Преземено од: https://beta.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7