ММС

Објавено на: 01/23/21 4:46 PM

Со „бмв“ усмртил вработен во наплатна куќичка на хрватски автопат: Таткото на воачот – „Му реков, ако пие да не вози“

Вработен во „Хрватски автопати“ (53) настрадал утрово во сообраќајна несреќа додека бил во наплатна куќичка на автопатот Загреб – Сисак. Полицијата потврди дека возачот изгубил контрола над возилото и удрил во наплатната куќичка во која се наоѓал работникот. Според некои хрватски медиуми, автмомобилот „бмв“ веројатно се движел со 150 километри на час.

„Возилото се забило во наш објект. Тоа не’ зачуди со оглед на тоа дека лентата до објектот е затворена откако автопатот е отворен за Сисак поради хуманитарната помош. Во тек е увид и ќе се утврдат околностите“, вели Иван Рибичиќ, директор на секторот за наплата на втопатите.

Хрватските медиуми пренесуваат дека возачот на автомобилот е жив, пренесен е во болница, каде што било констатирано дека е позитивен на Ковид-19.

Неговиот татко, како што пишува „Јутарњи лист“, се јавил во редакцијата за да изрази сочуство до семејството на загинатиот работник.

„Ужасно ми е тешко. Ова се моите најтешки моменти во животот. Се слушанвме синоќа и ми рече дека е на некоја забава. Му реков: ’Ако си пиел, немој да возиш!’ Но, ете, не ме послуша“, пишува „Јутарњи“.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.