ММС

Објавено на: 01/22/21 10:03 PM

Итра невеста: Нашла начин да не плати за свадбените фотографии

Една невеста од Америка дошла до идеја да им каже на гостите дека на свадбата ќе има натпревар за најдобра фотографија. Нејзината цел била поканетите сами да ја регистрираат церемонијата низ фотогорафии, за да не мора да плаќа професионален фотограф. Анонимната невеста размислувала како да ги намали трошоците, па итро се досетила на ова.

Имено, наместо да плаќа професионален фотограф, таа одлучила задачата за фотографирањето да им ја препушти на гостите. На крај, им понудила награда за нивниот труд. Неименуваната жена во фејсбук групата That’s It, I’m Wedding Shaming објавила дека не сака да „фрла пари на фотограф“,поради што многумина ја искритикуваа дека е скржава.

Во објавата, идната невеста напишала: „Дали некој НЕМАЛ фотограф? Размислуваме да заштедиме пари така што ќе организираме натпревар во кој гостите ќе фотографираат од секој агол, а наградата ќе биде мотив за нив“.

Потоа побарала од членовите на групата да кажат што мислат за нејзиниот предлог и некои биле импресионирани, но некои го оцениле како непромислен.

Среќно со тоа; Ако не сакате добри фотографии од венчавката, тоа си е ваше. Се чини глупо; Оф, па свадбите не се настани за штедење – се дел од коментарите.

Дури според некои корисници, гостите би биле сконцентрирани на фотографирањето, што би ја уништило атмосферата.

 

Извор:  24sata.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.