ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/19/18 10:34 AM

Партиските лидери пристигнаа во Клубот на пратеници за новата средба

Четворицата партиски лидери, Заев, Мицкоски, Ахмети и Касами пристигнаа на новата лидерска средба во Клубот на пратеници. Оваа средба следи по вчерашната која Мицкоски ја напушти бидејќи не беше задоволен од форматот.

Во Клубот на пратеници пристигна и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. Заев дојде во придружба на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, а Мицкоски е придруживан од професорката Каракамишева. Кратко по неговото пристигнување, дојдоа и портпаролите на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски и Димче Арсовски.

Лидерот на тетовското крило на БЕСА, Касами пристигна со Арианид Хоџа и Кастриот Реџепи.

Вања Мицевска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1