ММС

Објавено на: 01/22/21 2:38 PM

Огнот ги фати на спиење – гореше куќа во центарот на Штип

Се’ уште тлее старата куќа во центарот на Штип, која се запали претпладнето по 8.30 часот. Куќата позната како Старо забавиште беше дом на осум семејства со деца. Сите успеале навреме да ја напуштат, меѓу распалениот оган, кој излегувал од секаде. Стaнарите сведочат дека пожарот ги фатил на спиење.
-Ги земав децата, гледам да ги спасам. Почнав да викам за другите да излезат. Гледавме да спасиме жива глава. Имаше оган на сите страни, струјата пукаше, изјави Ферди Мемедовски.


Командирот на Територијалната противпожарна единица Тони Атанасов изјави дека рано е да се зборува за причината за пожарот.
-Зафатен е долниот дел и не дозволивме да се прошири огнот. Стара куќа е, стари тавани, дрвата уште тлеат и ќе тлеат уште некое време. Ќе остане екипа да контолира со цел да не избие оган повторно, рече Тони Атанасов, командир на Територијалната противпожарна единица.

Ова е втор пожар во 24 часа во источниот регион. Вчера во пожар во семејна куќа во кочанско Грдовци изгоре маж, додека неговата мајка во тешка состојба е пренесена во болница.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.