ММС

Објавено на: 01/22/21 1:03 PM

Пендаровски – Џанг Ѕуо: Успешни односи, традиционално пријателство и прагматична соработка

Претседателот Стево Пендаровски и амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Џанг Ѕуо на денешната средба го реафирмирале ставот дека билатералните односи меѓу двете земји се успешни, базирани врз традиционално пријателство и прагматична соработка во сите сфери од взаемен интерес.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски и кинескиот амбасадор разменија информации и мислења за развој на соработката во областа на економијата и притоа беше нагласена соработката во рамките на „Процесот за соработка 17+1″, чија рамка дава можности за нејзино продлабочување.

На средбата се разменија мислења за моменталните состојби, како во нашата земја, така и во Кина, за справување со пандемијата на Ковид-19, како и за процесот на вакцинација.

Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо истакна дека традиционалното пријателство меѓу двете држави е длабоко и дека Кина придава големо значење на развојот на односите со Република Северна Македонија, се посочува во соопштението од средбата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.